Утрински Весник
Македонија

Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито

Zima.webp.webp

Времето наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.


Во следните денови следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.

В петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. 

Можете да прочитате

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност