Утрински Весник
Магазин

Вечно младата Кристи Бринкли шири позитивна енергија каде и да се појави

Вечно младата Кристи Бринкли шири позитивна енергија каде и да се појави

Кристи Бринкли зрачи со безвременска убавина на 68 години во новата објава на „Инстаграм“ посакувајќи им на своите фанови среќна нова година.

dobivaj vesti na viber

Иконата на Sports Illustrated Swimsuit Issue ги покажа своите затегнати нозе во розов костим за капење додека патува со брод покрај островите Туркс и Кајкос.

Под атрактивниот шешир во боја на виножито, Кристи блеска со својата мегаватна насмевка пред камерата. За фотосесијата, таа направи неколку пози што потсетуваат на 50-тите.

Кристи ги покажа своите модни акредитиви завиткувајќи се во розово-бела цветна наметка што виори на ветрето.

Таблоидите потсетуваат дека Кристи има вкупно четири поранешни сопрузи, вклучувајќи го и Били Џоел, кој го напиша својот хит Uptown Girl за неа.

Били и Кристи имаат ќерка, Алекса Џоел (37), и задржаа пријателски односи еден со друг и покрај распадот на нивниот брак. „Многу години по нашиот развод, Били сè уште доаѓа кај мене дома на Божиќ, пее и свири клавир. Сите наши пријатели доаѓаат кај нас и заедно пееме“, изјави таа за списанието Social Life неодамна.

Кристи е светол пример за самодоверба кога станува збор за сопственото тело. Таа сака жените да знаат дека треба да се гордеат со тоа како изгледаат, без разлика на возраста.

Поранешниот супермодел секогаш потенцира дека е полна со благодарност и дека сака да се фокусира на броењето на благословите во животот, не на годините.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста