Утрински Весник
Свет

Путин: Мора да го прифатат губењето територии

(Видео) Путин возеше автомобил преку мостот на Крим, кој по експлозијата е отворен за сообраќај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека Москва е отворена за дијалог за Украина.

dobivaj vesti na viber

Путин изјавил дека Киев ќе мора да го прифати губењето на териториите, соопшти денеска Кремљ.

„Владимир Путин ја потврди отвореноста на Русија за сериозен дијалог, под услов властите во Киев да ги исполнат добро познатите и постојано изнесени барања и да ја земат предвид новата реалност во врска со териториите“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, Путин ја повторил и „деструктивната улога на Западот, кој го снабдува Киев со оружје, информации и насоки“.

Лидерите разговараа и за голем број енергетски прашања, вклучувајќи ja и изградбата на нуклеарната централа Акују, соопшти Кремљ.

Исто така, како што се додава, Путин уште еднаш му повторил на Ердоган дека треба да се укинат сите бариери за рускиот извоз на храна и ѓубрива. Ердоган и Путин разговараа неколку пати од почетокот на војната во Украина.

Турција делуваше како посредник заедно со Обединетите нации при склучувањето на договор со кој се овозможи извоз на жито од украинските пристаништа, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Повлекувањето на американските сили од Германија покажува дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата одбрана, коментира Берлин

Трамп потпиша нови санкции против Куба, Хавана возврати: Нема да нѐ заплашите

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток