Утрински Весник
Култура

Вечерва во Света Софија авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето

Вечерва во Света Софија авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето

Во организација на НУ Охридско лето а по повод Денот на македонскиот јазик вечерва со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија ќе се одржи авторски концерт на Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.

dobivaj vesti na viber

Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика која е инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров – познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од 5 години, снимена е аудио, сѐ со цел да не се заборават традиционалните музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.

Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. 20 год е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“