Утрински Весник
Македонија

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Sneg Put Zima Saobta Aj Hladno.jpg

АМСМ информира дека има активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.


Оттаму велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Потсетуваат дека од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Томовски: Во план е изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно, заживување на комплексот „Македонско село”, конечна доградба на двата факултета

Ракот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените

Томовски: Време е за нов владин авион да се купи