Утрински Весник
Скопје

„Вечер под ѕвездите” – голема предновогодишна забава во Центар

Image 2025 12 28 145701585.png

Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите”, која ќе се одржи утре, 29 декември, на Боемска 1, во Дебар Маало.

„Ветувам добро и незаборавно расположение. Подготвивме богата програма за сите генерации – од утринските, па сè до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Предновогодишната програма започнува во 11:00 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат Златните славејчиња, хорот на ООУ 11 Октомври и танцовиот клуб Еурека. Магионичарско шоу ќе изведе Кристијан Бенито, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња за најмладите.

Празничната атмосфера продолжува во попладневните часови со зимскиот уличен фестивал Грин-Џ 2025.

Вечерната програма е резервирана за добра забава и музика во живо. Настанот ќе започне со сет на DJ Александар Јорданов, по што следува настап на Brass Brothers со нивниот препознатлив електронски етно звук.

За самиот финиш ќе настапи Либеро Бенд, група позната по своите енергични живи настапи и богат репертоар од авторски песни и преработки на познати хитови.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да бидат дел од магичната предновогодишна вечер на Боемска, на 29 декември, и заедно, со музика и добро расположение, да ја испратат 2025 година.

Можете да прочитате

Дел од Скопје утре ќе остане без струја

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар