Утрински Весник
Македонија

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца (во Куманово и Дебар) управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека двајца (во Кичево и Чашка) со впишана активна забрана за управување на возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Можете да прочитате

Вчера двајца уапсени за семејно насилство

Маж од Гевгелија превезувал мигранти па излетал од патот

Пијани гости се тепале во кафеана во Македонска Каменица