Утрински Весник
Македонија

ВАЖНО: На патарините се укинува плаќање со MCard на MTAG лентите

Patarina.jpeg

Јавно претпријатие за државни патишта ги извести граѓаните и сите корисници на услугите на наплатните станици дека од 15 јуни 2026 година стапуваат во сила нови правила за користење на лентите на патарините.

Согласно оперативните измени во системот за наплата, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски тагови, додека плаќањето со MCard на овие ленти целосно се укинува.


Од ЈПДП информираат дека корисниците кои користат MCard ќе треба наплатата да ја реализираат на останатите достапни ленти на наплатните станици, согласно нивната намена.

Претпријатието апелира до возачите строго да ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и информативните електронски табли поставени пред и на самите патарини, каде јасно е означен типот на плаќање за секоја лента.

Лентите ќе бидат категоризирани според следните начини на плаќање:

  • електронска наплата (MTAG / MCARD)
  • готовинско плаќање (CASH)

Дополнително, возачите се повикуваат внимателно да ја следат и сигнализацијата за статусот на лентите:

  • зелена стрелка – означува активна и отворена лента
  • црвен икс (X) – означува затворена лента

Од ЈПДП предупредуваат дека непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои, намалена ефикасност и да влијае врз безбедноста во сообраќајот.

Известувањето, како што наведуваат од претпријатието, е објавено со цел навремено информирање и прилагодување на корисниците кон новите правила во системот за наплата на патарините.

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана