Утрински Весник
Свет

Важен украински генерал го посети Бахмут: „Битката достигна највисок интензитет“

Важен украински генерал го посети Бахмут: „Битката достигна највисок интензитет“

Генерал полковник, Олександр Сирски, командант на Украинската копнена армија и еден од најважните украински генерали, вчера го посети источниот град Бахмут, соопшти украинското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Вчера, генерал-полковник Олександар Сирски, командант на копнената армија, уште еднаш ги посети единиците кои го бранат Бахмут, како и предградијата“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана.

„Според неговите зборови, битката за Бахмут достигнала највисок степен на интензитет, се вели во соопштението.

„Непријателот испрати дополнителни борци во битка. Нашите војници храбро ги бранат своите позиции северно од Бахмут и се обидуваат да го спречат опкружувањето на градот“, изјави Сирски, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Тој не зборуваше за можно повлекување на украинските сили, но рече дека вооружените сили на Украина им нанеле „значителни загуби“ на Русите во изминатите месеци.

„Сето ова време, обидите на непријателот да го освои градот беа отфрлени благодарение на издржливоста на нашите војници. Нашите бранители му нанесоа значителни загуби на непријателот и уништија голем број возила. Ги принудивме најдобрите единици на Вагнер да се борат и го намаливме офанзивниот потенцијал на непријателот“, изјави украинскиот генерал.

Сирски ја организираше и водеше одбраната на Киев, а украинската армија под негово водство успешно ги поттисна руските сили кои речиси целосно го опколија главниот град на почетокот на руската инвазија. Сирски редовно ги посетува единиците на фронтот во Донбас и на други места, вклучувајќи го и Бахмут. Последен пат го посети Бахмут на крајот на минатата недела.

Можете да прочитате

Лавров: Русија сака да ги разбере мотивите зад рокот од 50 дена на Трамп

Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари

Украинскиот парламент одобри продолжување на воената состојба и општата мобилизација во Украина за уште три месеци