Утрински Весник
Свет

Ватикан се подготвува за смртта на папата

Papa 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Папата Франциск поминал мирна ноќ откако му била повторно дијагностицирана пневмонија. Но, според информациите од Ватикан расте загриженоста за 88-годишниот поглавар на Католичката црква.

Тамошните медиуми објавуваат дека верниците доаѓаат во болницата Гемели во западниот дел на Рим, каде Папата се лекува од петокот, за да се молат за него. Швајцарски весник пак пишува дека швајцарската гарда се подготвува за смртта на папата, чуварите се под ограничување на движењето, а погребот веќе се вежба.


Ватикан вчера објави дека КТ скен покажал „почеток на билатерална пневмонија“, што значи дека двете крила од бели дробови биле зафатени. Во соопштението се наведува и дека клиничката слика останува „комплексна“. Папата боледува од инфекција предизвикана од различни патогени, што го отежнува лекувањето.

Италијанскиот кардинал Анџело Комастри (81) даде изјава за Раи за состојбата на папата. „Франциск е многу мирен. Неговото кормило е во рацете на Господ“.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп