
Пензионираниот полковник и поранешен шеф на воено разузнавање Горан Василевски смета дека Иран нема капацитет за војна на повеќе фронтови, но предупредува дека енергетската зависност на Европа може да биде нејзината најслаба точка.
Тој оцени дека иако воениот конфликт географски изгледа далеку, неговите економски рефлексии можат силно да го погодат европскиот континент.
Василевски ја поздрави изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој за време на посетата на Скопје порача дека Алијансата ќе ја брани „секоја педа“ од територијата на земјите-членки.
„Ова е навистина охрабрувачка изјава за Македонија, објави 4news.mk Треба да се има предвид дека и заменик-генералниот секретар на НАТО е токму од Македонија, госпоѓата Радмила Шекеринска, што дополнително ја зацврстува нашата позиција во Алијансата“, истакна Василевски.


