Утрински Весник
Македонија

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

Ivanka Vasilevska 29.12.2024.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија” присуствуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која се осврна на надлежностите и работата на Судскиот совет и потенцираше дека претставува суштинска спона која ја одразува независноста на судството и затоа истата е загарантирана и со Устав.


Пратеничката посочи дека во изминатиот период јавноста бурно дебатирала поради одредени прашања и дилеми кои директно ја засегнале независноста и нетранспарентноста на Судскиот совет.

„Во изминатиов период јавноста доста дебатираше на темите коишто се поврзани со една од најзначајните судски инстанци во Македонија од причина што се појавија многу дилеми и прашања кои директно засегнаа во прашањето за независноста и нетранспарентноста како од избирањето на членовите на Судскиот совет така и во однос на решавањето на горливите прашања”, рече Василевска.

Василевска објасни дека она што му е потребно на Македонското општество е да почне да се работи по словото на законот и посочи дека 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност.

„Она што му е потребно на македонското општество е дека ние треба да почнеме да работиме по словото на Законот. Приближно 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност и не веруваат дека унапредувањето на судиите се врши според објективни, мерливи и правични критериуми”, објасни Василевска.

Василевска укажа дека граѓаните се убедени дека политичките елити имаат директно влијание врз работата на органите на правосудството и нагласи дека во времето на владеењето на СДС и ДУИ имало директно мешање во работата на правосудството.

„Граѓаните се силно убедени дека политичките елити имаат директно влијание и се мешаат во работата на судиите и јавните обвинители. Ние во периодот на претходното владеење на СДС и ДУИ видовме дека за изјави во медиуми или за одредени наводи кои протекуваа во јавноста повремено обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт и од таму добиваше нарачки”, објасни Василевска.

Можете да прочитате

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони

Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла