Утрински Весник
Спорт

Вардар се врати на првото место на табелата

Pmfl.png

Екипата на Вардар се врати на првото место на табелата по денешниот триумф во 13. коло против Тиквеш со 3:1. „Црвено-црните“ поведоа со голот првенец за Ворен Чимбембе во 19. минута, а во финишот на првиот дел (45. минута) гостите од Кавадарци изедначија од пенал стрелец беше Иван Ивановски. Победникот беше решен во завршницата на натпреварот. По неколку нереализирани шанси Едиз Спахиу ја затресе мрежата на гостите во 81. минута, а конечните 3:1 ги постави Мато во 85. минута со својот 12. ти гол во сезонава.

На вториот натпревар одигран денеска во Битола Пелистер со 1:0 славеше над Брера и со тоа ја прекина серијата на девет натпревари без победа. Стрелец на голот беше Вилдан Керим во 23.минута.

На вчера одиграните дуели: Струга – Арсими 4:0 и Башкими – Работнички 2:1.

Утре во терминот од 13 часот играат: Силекс – Шкупи и Шкендија – Македонија ЃП.

Табела: Вардар 33 бодови, Струга 32, Шкендија 24, Силекс 22, Башкими 22, Брера 16, Арсими 15, Македонија ЃП 14, Тиквеш 12, Пелистер 11, Работнички 7, Шкупи 1.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука