Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Вардар немоќен против Струга, Работички се искачи на челната позиција

Pmfl 960x404 1.jpeg
300x250 opst2

Дветтата рунда во Првата македонска фудбалска лига донесе смена на врвот и уште еден тежок пораз на Вардар.

Ремито без голови на Шкендија во Кратово против Силекс го искористи Работнички и со победата над Воска спорт во Охрид се искачи на првата позиција на табелата.

„Романтичарите“ победија со головите на Регба и Мазари. Тие се уште се без пораз сезонава. Пораз нема и Гостивар кој во ова коло одигра 1:1 Беса. Стрелци на головите беа Ивановски за Гостивар и Скендери за Беса.

Вардар доживеа пораз од актуелниот шампион Струга 1:4. Поразот на Вардар го најави Камбери по само три минути игра. Босанчиќ изедначи во 27.минута, по што следуваа два гола на Кампаоре во 41. и 66.минута. Кехинде во 73.минута стави точка на натпреварот.

Шкупи со головите на Едмунсон, Јумеми и Ајетовиќ славеше против АП Брера со 3:1, а без голови заврши натпреварот Пелистер-Тиквеш.

Резултати, 9.коло:

Вардар-Струга ТЛ 1:4
Пелистер-Тиквеш 0:0
Силекс-Шкендија 0:0
Шкупи-АП Брера 3:1
Гостивар-Беса 1:1
Воска спорт-Работнички 0:2

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!