Утрински Весник
Македонија

Вардар има нови сопственици – 24info.mk

A3e89986 Fdfa 4d83 807b Ecbab97f73c4 W1200 R1.jpg

Од навивачката група „Комити“ стигна потврда дека фудбалскиот клуб Вардар добива нов сопственик.

Клубот веќе долго време бара нов сопственик на клубот и конечно го најде. „Комити“ со соопштение го потврдија тоа, но не открија детали од договорот, ниту за кој точно се работи. Тоа ќе биде обелоденото кога ќе се завршат сите формалности.

„Во името на групата, како и во името на досегашното В.Д. раководство, би сакале да ја известиме јавноста, дека денес беше постигнат успешен договор со новите сопственици, кои во периодот што следува, целосно транспарентно ќе го преземат управувањето на клубот.

Приказната наречена ,,Вардар – клуб на народот” околу која се обединија илјадници навивачи, а која несомнено ќе остави траен белег во однос на позиционирањето на клубот во одреден општествен контекст, ќе продолжи да живее. Да живее и да се развива!

Би сакале да потенцираме дека во текот на преговорите, заедно со сите засегнати страни, успеавме да го постигнеме најдоброто решение за Вардар и да ги донесеме најважните одлуки, за кои длабоко веруваме дека ќе придонесат пред се кон процесот на целосна рехабилитација на клубот од повеќегодишната криза, а воедно и дека истите ќе допринесат кон тоа да клубот во најбрз можен временски период, повторно се врати на шампионските патеки – онаму каде што припаѓа. Тоа е борбата од која никогаш нема да се откажеме!

Поради комплексноста на самиот процес, а и поради клаузулата за доверливост, не сме во можност да ги изнесеме сите детали на постигнатиот договор. Но, секако во првиот момент, штом договорот биде официјално реализиран, пред јавноста целосно ќе ги соопштиме сите потребни информации.

Тоа што во моментов со сигурност можеме да го соопштиме е дека досегашниот искрен пристап во раководењето на клубот ќе продолжи и понатаму и дека оваа успешна приказна која ја започнавме, заедно со новите официјални сопственици, успешно ќе продолжиме да ја развиваме.

За крај, свесни за историската одлука, би сакале конкретно да им се обратиме на сите луѓе кои допринеле клубот низ годините на тешки борби да опстои и да преживее. Ние никогаш нема да дозволиме клубот да пропадне и ние никогаш нема да дозволиме нашиот заеднички труд да пропадне. Од првиот момент на заедничката борба, не водеше исклучиво емоцијата и искрената приврзаност кон големиот Вардар. Така било така и ќе остане – засекогаш!

За крај, уште еднаш би сакале да потенцираме дека наскоро пред јавноста ќе ги соопштиме сите точки на договорот со новите сопственици, кои заедно со нас се обврзаа да помогнат и да бидат дел од борбата за најголемиот македонски фудбалски бренд – Вардар, кој наскоро повторно ќе се врати во својот дом и кој повторно ќе цели кон европскиот фудбалски врв“, се вели во соопштението на „Комити

Можете да прочитате

Физички ја нападнал сопругата, МВР го расчистува случајот

Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово

Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот