Утрински Весник
Спорт

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Арсенал, нивниот менаџер Микел Артета, и навивачите имаат право да се лутат за 1:1 ремито со Брентфорд, откако според „Дејли мејл“, ВАР-судијата заборавил да ги нацрта офсајд-линиите при контроверзниот гол на Ајван Тоуни.

dobivaj vesti na viber

Леандро Тросар, со својот прв гол за Арсенал во 66. минута им донес водство на адомаќинит, пред Тоуни осум минути подоцна дад израмни. Но, според многу фанови голот требаше да биде поништен бидејќи Кристијан Ногард, кој му асистираше на Тоуни беше во офсајд позиција при акцијата, и според „Дејли мејл“ се работи за грешка на судијата Мејсон при прегледувањето на снимките.

„ВАР прегледуваше дали има офсајд и дали Итан Пинок го блокираше Габриел пред голот. Се гледаше за потенцијален фаул и се одлучи дека нема таква ситуација и дека главниот судија Питер Бенкс не напрви јасна грешка. Меѓутоа, пред голот, Кристијан Ногард кој нафрли за Тоуни, е во офсајд позиција. ВАР не ги разгледа линиите и тоа е чеовечкаа грешка. Да се направеше тоа голот ќе беше поништен“, вели Крис Фој, поранешниот судија и претствник на ПГМОЛ, асоцијацијата на судии во Премиерлигата.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари