Утрински Весник
Свет

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Img 2654.jpeg

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.


Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Можете да прочитате

Минатиот месец бил вториот најтопол април во историјата

Орбан: Унгарија е против влез на Украина во ЕУ

СБУ разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област