Утрински Весник
Скопје

Вандализам на плоштадот „Делфина“ во скопско Влае 

Vl3 1 960x720 1.jpg

Жителите на скопско Влае вчера, среде бел ден – во доцните пладневни часови, посведочија на нов вандализам на плоштадот Делфина. Околу 16 часот, група од неоколкумина малолетни вандали се изживувала со специјалниот метален контејнер, наменет за складирање на токсичен отпад од батерии, акумулатори и делови од расипани електронски уреди, кои не смеат да се мешаат со обичниот отпад и мораат соодветно да се одложат и складираат со посебна процедура. Контејнерот бил обиен од поодамна, а вчера е целосно руниран, со искинати плакати за неговата намена и расфрлање на токсичниот отпад од него.


„Бандата“ малолетници како дошла, така и заминала, велат очевидци за Курир, кои плашејќи се за својата безбедност не успејале да ги фотографираат младите вандали. Санитарците од општина Карпош, утрото ја санираа ситуацијата.

Можете да прочитате

Герасимовски: Исчистени улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев

Поради дефект без вода останаа делови од четири скопски општини

Стефковски: Доделуваме 11 милиони денари финансиска поддршка за спортот