Утрински Весник
Спорт

Ванда Нара бара милион евра од Икарди за трансферот во Галатасарај

Ванда Нара бара милион евра од Икарди за трансферот во Галатасарај
Dik 300x250 mk

Ванда Нара и Мауро Икарди неодамна ставија крај на долгогодишната врска, а сега се соочуваат со случај на развод и борба за старателството над нивните деца, но проблемите предизвикани од прекинот на тие односи не се само од приватна и семејна природа.

dobivaj vesti na viber

Ванда со години му беше менаџер на Икарди, таа беше клучна за неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, а потоа и од ПСЖ во Галатасарај. Раскинувањето на врската резултира и со прекин на деловната соработка, но „Газета дело спорт“ пишува дека Ванда не го прифаќа ова без надомест.

Менаџерката бара еден милион евра на својата сметка за улогата во заемот на Икарди во Турција, а Икарди одбива да ја плати бидејќи смета дека Ванда нема основа за такво барање. Се чини дека и овој случај, исто како и разводот, ќе се решава на суд.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата