Утрински Весник
Економија

Ванчо Узунов: Задолжувањата не носат економскиот раст

Vancho Uzunov 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов ја критикува владата за отсуство на вистински развојни политики и структурни реформи. Според него, лошите прогнози на Светска банка и ММФ не се изненадувачки, особено кога Владата се фокусира само на кадровски промени и покачување на пензиите, наместо на реални економски мерки.

„Војната на Блискиот Исток и во Украина, заедно со рецесијата во Германија, несомнено влијаат врз нашата економија. Но, уште поголем проблем е што Македонија нема план за развој. Владата мора да се насочи кон структурни реформи, привлекување странски инвестиции и поддршка на домашното производство. Покачувањето на пензиите и задолжувањето од Унгарија не се мерки кои ќе го забрзаат економскиот раст,“ изјави Узунов.

Тој истакнува дека државата треба да се насочи кон инвестиции во иновации и технолошки развој, наместо да продолжува да дава субвенции за сектори кои немаат потенцијал за извоз.

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании