Утрински Весник
Спорт

Ван дер Сар останува на интензивна нега во сплитската клиника, состојбата е загрижувачка

Ван дер Сар останува на интензивна нега во сплитската клиника, состојбата е загрижувачка

Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар (52) вчера заврши на прегледи на главата во клиничкиот центар во Сплит и се наоѓа на одделот за интензивна нега, поради крварење во мозокот. Лекарите по еден ден не го пуштаат дома, ќе мора да остане на интензивна нега.

dobivaj vesti na viber

Неговиот поранешен клуб Ајакс ја објави информацијата на барање на неговото семејство.

„Едвин ван дер Сар останува на интензивна нега до понатамошна одлука. Неговата состојба е стабилна, но загрижувачка. Ајакс ја споделува информацијата во име на неговата сопруга Анамари ван дер Сар. Семејството Ван дер Сар е благодарно и длабоко трогнато од сите пораки на поддршка“, објави Ајакс.

Ван дер Сар беше еден од најдобрите светски голмани во својата ера, а по завршување на кариерата се определи да работи како спортски директор. На крајот на мај ја напушти директорската позиција во Ајакс. На таа позиција во својот матичен клуб помина 11 години, а си замина две години пред истекот на договорот.

 

 

Можете да прочитате

Американските ѕвезди настапија на затворањето на Олимписките Игри, шоуто го украде Том Круз

САД и Кина најуспешни нации на ОИ во Париз

Гимнастичарка од Украина воодушеви со настапот на Олимписките игри