Утрински Весник
Спорт

Ван Бастен изрази сомнежи како Вегхорст би се снашол во Манчестер јунајтед

Ван Бастен изрази сомнежи како Вегхорст би се снашол во Манчестер јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сака да го донесе Ваут Вегхорст на заем до крајот на сезоната, а легендарниот Марко ван Бастен го предупреди својот сонародник Ерик Тен Хаг дека е „опасно ако има премногу Холанѓани во тимот“.

dobivaj vesti na viber

Ван Бастен го оправда бизарниот совет со ситуацијата што се случи во Барселона кога таму имаше многу Холанѓани под раководство на тренерот Ван Гал.

Исто така, тој изрази сомнеж за Вегхорст.

„Се сомневам во него. Видете го Лук де Јонг. Тој е играч што игра многу добро во воздухот. Мислам дека Вегхорст не е толку силен во воздушните дуели. Тој може да постигне гол со главата, но тоа момчето може да направи најмногу со волја и ентузијазам“, изјави Ван Бастен.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина