Утрински Весник
Македонија

Валбон Лимани е избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар

Limani2.jpg


Советот на општина Гостивар денеска одржа вонредна седница на која со 22 гласа за и 8 против за вршител на должноста градоначалник на Гостивар, беше избран Валбон Лимани.

Во своето излагање новоизбраниот градоначалник Валбон Лимани им се заблагодари на советниците за досегашната доверба и соработка.
„Не можам да не ви се заблагодарам за довербата што штотуку ми ја дадовте. Сите сме обединети за заеднички идеал.

Ве сметам за тим и не ве разликувам по партиска, верска или етничка припадност. Сите исто ве гледам, гостиварци! Овој Гостивар треба да блесне за сите генерации што доаѓаат и за сите оние кои го сакаа, а веќе не се меѓу нас”, рече Лимани, додавајќи дека Гостивар е негова лична мисија а со тоа и благосостојбата на сите негови жители.

Исто така, на истата седница за прв човек на Советот на општина Гостивар е избран советникот Намик Дурмиши.

Можете да прочитате

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад на Светскиот конгрес на ИСВА во Лондон: Меѓународна соработка за одржливо управување со отпадот и подобра иднина

Левица: Мицкоски кукавички избега од пратенички прашања – ДПМНЕ се скри зад спотерите од ЗНАМ за да ја спаси власта