За оваа сабота Град Скопје закажува ново бесплатно филмско дружење на отворено, овој пат со проекцијата на „Балканот не е мртов“ од режисерот Александар Поповски.
Киното на отворено ќе биде поставено на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, а филмот ќе почне во 20.30 часот.