Утрински Весник
Свет

Јужнокорејската влада нареди проверка на сите авиони „боинг 737-800“ по авионската несреќа

5 25.jpg

Владата на Јужна Кореја денеска соопшти дека наредила безбедносна проверка на сите авиони „боинг 737-800“ со кои управуваат домашни авиокомпании по несреќата што се случи во неделата со тој модел на јужнокорејската авиокомпанија „Џеџу ер“, во која загинаа 179 луѓе.

Официјален претставник на јужнокорејското Министерство за транспорт рече дека оваа институција конкретно планира да спроведе ригорозни мерки за безбедносна инспекција во „Џеџу ер“ по повторените проблеми со опремата за слетување.


Официјалниот претставник рече дека Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД, претставници на „Боинг“ и производителот на мотори „ЦФМ интернешнл“ ќе учествуваат во истрагата за несреќата во недела.

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk