Утрински Весник
Спорт

Јужна Кореја по само една година го отпушти Клинсман

Klinsman 24.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската фудбалска легенда Јирген Клинсман, доби отказ од позицијата селектор на Јужна Кореја. Клинсман дојде на оваа функција минатата година во февруари и потпиша договор до завршувањето на Светското првенство во 2026 година. Сепак, поради лошите резултати по само една година дојде до прекин на соработката. Јужна Кореја изненадувачки беше поразена од Јордан во полуфиналето на Азискиот Куп, натпреварување на кое настапија како големи фаворити за трофејот. -Тренерот Јирген Клинсман не успеа да го донесе она што го очекувавме во националниот тим, вклучувајќи го и менаџментот во играта, менаџментот на играчите и работниот став кои ја подигнуваат конкурентноста на националниот тим, изјави Чунг Мон-Гиу, првиот човек на федерацијата.

Можете да прочитате

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk