Утрински Весник
Свет

Јужна Кореја ја зафати најсилниот тајфун во последните години: Има загинати и исчезнати

Јужна Кореја ја зафати најсилниот тајфун во последните години: Има загинати и исчезнати

Во налетот на тајфунот Хинамнор во Јужна Кореја, едно лице загина, а илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Тајфунот Хинамнор удри во островот Џеџу и падна на копно во близина на пристанишниот град Бусан, пред да го погоди морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, пренесува АП.

Невремето во неделата донесе големи количини дожд во центарот на Џеџу, каде ветровите достигнаа брзина и до 155 км/ч.

Една жена на 70-годишна возраст почина во јужниот град Поханг откако беше однесена од поројни поплави, додека други две се водат како исчезнати, вклучително и 25-годишен маж кој паднал во поток надојден од дождот во блискиот град Улсан.

Силниот дожд и ветерот ги оштетија патиштата, а околу 2.900 луѓе сè уште се евакуирани, главно во јужните региони, додека повеќе од 66.000 домови се без струја, но 45 отсто од услугите се обновени, пренесува „Ројтерс“.

Официјалните лица предупредија на поплави, лизгање на земјиштето и плимни бранови што може да ги предизвика Хинамнор, најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните години.

Можете да прочитате

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард

Подољак: Зеленски нема да се сретне со никој друг во Истанбул, освен со Путин