Метео анализа на Славчо Попоски:
До утре (среда) уживајте во сонцето, во релативно летните температури во текот на денот, или пак како што ние Метео Прогнозерите го кажуваме Мини Лето. Од четврток облачноста ќе се золеми и ќе има локални послаби врнежи од дожд.
Локално пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Температурите од четврток ќe бележат тенденција на опаѓање, а особено ниски тие ќе бидат за време на викендот, кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени.
Поради продорот на значително постудена воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа, за време на викендот на планините над 1600 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
И во Скопскиот регион од четврток облачноста ќе се зголеми па во деновите потоа, како и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Сето ова, особено за време на викендот ќе биде проследено и со ветер од југоисточен правец, кој особено ќе засилува на интезитет во горниот дел од Повардарието.