Утрински Весник
Свет

Ужас во Колумбија: Се урна воен авион, имало 110 војници!

Kolumbija 1024x601.avif.avif

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници.

Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот превезувал припадници на вооружените сили, објави 4news.mk


– Точниот број на жртви и причините за падот сè уште не се утврдени – рече Санчез.

Локалното радио БлуРадио (BluRadio), повикувајќи се на официјални извори, наведува дека во авионот имало 110 војници, како и дека несреќата се случила на околу три километри од урбани центар.

Можете да прочитате

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја

Ле Пен, Вилдерс и Салвини го поддржаа Орбан во Будимпешта