Утрински Весник
Свет

Ужас во Хрватска: Ја силувал сопругата, а неговиот татко со години ја малтретирал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие

Ужас во Хрватска: Ја силувал сопругата, а неговиот татко  со години ја малтретирал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие

Пет години траело малтретирањето врз 26-годишната жена во Лика, Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Таа била жртва на својот сопруг и неговиот татко. Како што наведуваат хрватските медиуми, 35-годишниот сопруг два пати ја силувал во јуни, а татко му се заканувал дека ќе ја убие. Таа потоа побегнала од насилниците во „сигурна куќа“ и по три месеци собрала сили да ги пријави. Денеска на двајцата им е одреден притвор.

„ Постои основано сомнение дека 65-годишниот осомничен речиси секој ден од 2017 до 2022 година ја понижувал својата 26-годишна снаа во семејната куќа во околината на Удбина, а ситуацијата се влошила во јануари 2022 година и ѝ предизвикала чувство на страв и вознемиреност. Се сомнева дека 65-годишниот осомничен ѝ се заканувал на 26-годишната жена на 15.06.2022 година, што ѝ предизвикало вознемиреност и страв за сопствениот и животите на нејзините деца – велат од обвинителството.

Жупаниското државно обвинителство во Карловац, по свекорот, го сослушало и сопругот на жртвата, поради „основано сомнение за сторено тешко кривично дело против сексуалната слобода“. Постои основано сомнение, велат оттаму, дека 35-годишниот осомничен наведените кривични дела ги сторил на 15 и 20 јуни годинава на едно место во Лика-Сењската жупанија на штета на 26-годишната жртва.

Судијата во Карловац им одреди 30 дневен притвор на двајцата – поради опасност од влијание врз сведоци и ризик од повторување на кривичното дело.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток