Утрински Весник
Балкан

Ужас во Белград: Си го застрелал синот во стомак, а сопругата во нога, па се обидел да се самоубие

Srbija Policija 960x548 1 720x411 1.jpg

Ужасен хорор денеска ја потресе белградската населба Бежанијска Коса кога маж си ги застрелал синот и сопругата.

Според неофицијални информации, инцидентот се случил денеска околу пладне кога мажот, чијшто идентитет не се соопштува, пукал во правец на сопругата и на синот и ги ранил двајцата, пренесоа српските медиуми.

– Синот е застрелан во стомакот, а жената во ногата – изјавил извор кој е запознаен со настанот.

По инцидентот полициска патрола од Нов Белград го уапсила налудничавиот напаѓач.

– Во таа прилика се обиде да се самоубие, но полицајците го спречија во тоа – нагласува изворот.

Можете да прочитате

Воз излета од шините кај Загреб

На денешен ден почна распадот на СФРЈ

Македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија