Утрински Весник
Спорт

Јувентус му „фрли око“ на Торес

Јувентус му „фрли око“ на Торес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јувентус има намера во летниот преоден рок да ја засили одбраната. Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, тврди дека „Старата дама“ се распрашува за дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес.

dobivaj vesti na viber

Како, Јувентус ќе реагира на трансфер-пазарот ќе зависи од позицијата во која ќе биде клубот. Прашање е како ќе реагира УЕФА. Од Нион најавија дека ќе го суспендираат клубот на една сезона од европските купови.

Пау Торес ги мина речиси сите младински категории на Вилјареал, во првиот тим е од 2017 година. Тој помина само една година на позајмица во Малага. Торес е дел од тимот што ја освои Лигата на Европа во сезоната 2020/21.

Според шпекулациите, Вилјареал за него бара најмалку 40 милиони евра.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер