Утрински Весник
Спорт

Јувентус ги доби назад одземените 15 бода, но тоа не е конечна одлука

Јувентус ги доби назад одземените 15 бода, но тоа не е конечна одлука

По жалбата до федералниот суд, на Јувентус му се вратени одземените 15 бода, а тимот од Торино сега се искачи на третото место во Серија А со 59 бодови. Сепак, таа одлука сѐ уште не е конечна бидејќи ќе се одржи ново судење. Не е познато дали Јувентус трајно ќе ги задржи бодовите или повторно ќе му бидат одземени во следниот месец.

dobivaj vesti na viber

Постои и можност судењето да биде продолжено по завршувањето на оваа сезона, па евентуалната казна би важела за следната сезона.

Процесот против Јувентус беше отворен поради наводни финансиски малверзации во клубот. Самиот процес беше и причина за заминување на менаџерскиот тим на клубот.

Јувентус беше обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и плаќал играчи „под маса“ за време на пандемијата на Ковид-19.

Судот ги прифати и жалбите на поранешниот потпретседател на клубот Павел Недвед и петте членови на Управниот одбор на Јувентус, но не и на поранешниот претседател Андреа Ањели и на поранешните директори Фабио Паратичи, Маурицио Аривабене и Федерико Черубино.

Јувентус и официјално прокнижи бодови на табелата и се искачи на третото место со 59 бода, два помалку од второпласираниот Лацио и три од третопласираната Рома. Заедно со Рома, Јувентус ги прескокна и Милан, Интер и Аталанта и со тоа, барем привремено, Милан испадна од позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари