Утрински Весник
Македонија

Утврдени се текстови на два предлога на закони во областа на енергетиката, за обновливи извори на енергија и за енергетика

12032024 Vrsm 4.jpeg

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 10. седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, според посочувањето од предлагачот, Министерството за економија, е согласно определбата на Владата за поттикнување инвестиции во областа на обновливите извори на енергија, како и согласно ваквите определби и законски одредби на Европската Унија. Клучната цел на Предлогот на Закон за обновливи извори на енергија е поедноставување на процедурите во однос на употребата на обновливите извори на енергија, на линија на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија. Клучната цел на Предлогот на Закон за енергетика е транспонирање на регулативите и директивите на ЕУ – за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и постигнување енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, со примена на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност. Двете предлог законски решенија се работени со поддршка на УСАИД.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија