Утрински Весник
Македонија

Поништени се пет наредби за распоредувања и прераспоредувања во МВР донесени само со потпис на министерот

12032024 VRSM 3.jpeg

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница 10. седница по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни. Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство.

Можете да прочитате

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење

Сосотојба со пожари: Уште гори кај Морани и на пет други локации

Муцунски е фатен во лага, а кога нема резултати се заканува со апсења исто како Мицкоски