Утрински Весник
Македонија

Утрово Скопје што дише? А зимата допрва доаѓа!

0f035a0c 214e 4494 8e4e da0f535b7ae8.jpeg

Иако грејната сезона сè уште не е започната, Скопје повторно се гуши во смог и загаден воздух. На фотографијата направена утрово јасно се гледа густата магла која не е ништо друго освен слој од штетни честички што го прекрива градот.

Во скопските населби Драчево и Лисиче ситуацијата е уште потешка. Жителите велат дека не можат ниту прозор да отворат, а камоли да излезат надвор. „Со гас маски треба да шетаме, сопствениот народ си го уништуваме,“ вели загрижен граѓанин од Драчево.


Граѓаните со право се прашуваат – ако вака изгледа воздухот во септември, што ќе се случува во ноември и јануари, кога ќе се вклучат грејните тела и кога загадувањето традиционално достигнува највисоки нивоа?

Проблемот со загадениот воздух одамна е препознаен, но решенија нема. Наместо конкретни мерки и стратегии, жителите на Скопје секоја есен и зима дишат отровен коктел од ПМ честички, издувни гасови и индустриски емисии.

Можете да прочитате

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?

Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско

И Ленче Ристовска во трката за државен јавен обвинител