Утрински Весник
Македонија

Утрово претреси на повеќе локации, акција против криумчарење на луксузни автомобили

Obvinitelstvo 1.jpeg

Основното јавно обвинителство информира дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.

Како што информираат од Обвинителството, надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбедил наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови.


Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин.

Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, Обвинителството ќе информира по нивното завршување, навдуваат оттаму. 

Можете да прочитате

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата

Воз удри во автомобил кај Зелениково, има и повредени