Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините

Vreme1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Mаврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Kрушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Можете да прочитате

МЖСПП: Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките

Миноски: Економските мигранти се последно решение за проблемите на пазарот на труд

СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ, власта сака целосна контрола