Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Zima.webp.webp

Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија.  

Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци и 3 степени во Скопје-Петровец и во Велес. 


Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 30 сантиметри и 12 сантиметри во Маврови Анови. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: За да му се оддолжат на Дака за 300.000 евра, СДС и ДУИ смениле ДУП во Тетово

За Велигден ќе имаме зимско време и снег?

Дел од христијанските верници денска го слават Велигден