Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов и понатаму ќе имаме сув студ!

Meteoalarm.mk 53.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд, и понатаму територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на ладната и сува воздушна маса која продира од источните  и од североисточните предели на Европскиот Континент, што значи дека во ваква ситуација, ќе имаме сув  студ, особено во ноќните  и во утринските часови.


Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла  или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Да напоменам само дека, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри наутро температурата има можност да се спушти и до околу -10 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време. Наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 6 степени.

Можете да прочитате

Апел за молитва: Панчо од ДНК е на апарати, состојбата му е критична

Тоше Богданов излегол да го прослави раѓањето на синот и го загубил животот во пожарот

Протест во Кочани по трагедијата: Барања за конкретни промени во општеството