Утрински Весник
Македонија

Утрото посвежо, преку денот сончево со умерена облачност

Esen1 1.jpg

Времето денеска – утрото посвежо, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото посвежо, а преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. УХМР најави дека и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студено утро.

Во четврток ќе има зголемена облачност, а попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Локално, информираа од УХМР, ќе има услови за појава на невреме. 

Можете да прочитате

Пожарот во близина на Самоков е изгаснат – фабриката е целосно безбедна

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група