Утрински Весник
Магазин

Утрински навики кои го намалуваат високиот крвен притисок

Visok Krvni Pritisak Hipertenzija.jpg
Img 5587

За повеќето луѓе, хипертензијата или високиот крвен притисок не се манифестираат со никакви предупредувачки знаци.

Единствениот начин да знаете дали го имате е со мерење на крвниот притисок. Ако не се контролира со текот на времето, може да ги оштети артериите, срцето, мозокот и бубрезите. За решавање на овој здравствен проблем, покрај терапијата што ја препишува лекарот, помагаат и одредени утрински рутини.

300x250 (7)

Според многу истражувања, утрото е време кога е поверојатно да се случи срцев или мозочен удар, предупредуваат лекарите. Понекогаш, проблемите со срцето може делумно да бидат предизвикани од покачен утрински крвен притисок. Од друга страна, одредени промени во животниот стил можат позитивно да влијаат на крвниот притисок, поточно да го намалат.

Ограничете го внесот на кафе

Утринската шолја кафе може да го зголеми крвниот притисок, особено ако се претера во количината. Тоа е затоа што кофеинот е стимуланс и ќе не разбуди, но ќе влијае на крвниот притисок.

„Две до четири шолји кафе обично ќе го зголемат крвниот притисок за околу 8 mm Hg систолен (т.е. горен) и 6 mm Hg дијастолен (т.е. долен). Овој скок обично не трае долго и исчезнува за околу четири часа“, објаснува. д-р Џон Хигинс.

Урамнотежен појадок

Прескокнувањето на утринскиот оброк не е добра идеја, бидејќи може да биде поврзано со хипертензија кај возрасните, вели истражувањето во Меѓународниот весник за хипертензија‌.

„И тоа не е само кога јадете, туку е и она што го јадете. На пример, јогурт со малку маснотии со јаткасти плодови и овошје е одличен, избалансиран појадок кој го уништува стресот поради неколку причини – јаткастите плодови се богати со омега-3 масти кои се добри за телото, а овошјето како киви, банана и портокали се поврзани со понизок крвен притисок“, вели д-р Хигинс.

Избегнувајте шеќер

Кога се справувате со хипертензија, неопходно е да се ограничи шеќерот. „Бидете особено внимателни кога наутро јадете пецива и житарки, на кои често им се додаваат засладувачи“, велат лекарите и додаваат дека „високото ниво на шеќер во крвта е поврзано со атеросклероза (натрупање наслаги во артериите), што доведува до зголемување на крвен притисок.

Вежбање и медитација

Вежбањето наутро е одличен начин за промовирање на здрав крвен притисок во целина.

„Два и пол часа аеробни вежби со умерен интензитет (или 75 минути аеробни вежби со висок интензитет) и/или 90 до 150 минути вежбање сила секоја недела може да го намалат крвниот притисок за дури 5 mm Hg, вели др. Хигинс.

Исто така, наутро можеме да го „подготвиме“ телото за тој ден со медитација – луѓето со лесна хипертензија кои практикуваат медитација заснована на внимание имаат намален систолен и дијастолен крвен притисок, вели студијата на Универзитетот во Мериленд.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото