Утрински Весник
Македонија

Утре започнува новата учебна година, ќе трае до 17 јуни, а за првпат ќе има и пролетен распуст, потврди Шаќири

Утре започнува новата учебна година, ќе трае до 17 јуни, а за првпат ќе има и пролетен распуст, потврди  Шаќири

На први септемрви, односно утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни, потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

dobivaj vesti na viber

Појасни дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници“, информира Шаќири.

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност