Утрински Весник
Скопје

Утре, традиционален планинарски марш на Водно

Tradiczionalen planinarski marsh po povod denot na evropskoto zname 2 maj 2026.jpg

Tрадиционалen планинарски марш на Водно ќе се одржи на 2 мај 2026 година (сабота). Европското движење во Република Северна Македонија (ЕМ-МК) го организира овој настан повеќе од три децении по повод Европскиот ден на знамето во рамките на чествувањето на Денот на Европа и претставува препознатлива форма на заедничко одбележувањето на европските вредности.

Зборно место е Europe House во Скопје во 9:00 часот, каде што ќе се одвива и симболична размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Република Северна Македонија што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства.

Иако целта на искачувањето е врвот, сакаме да нагласиме дека тој може да се достигне на различни начини. Секоја желба за движење нагоре, дури и со неколку чекори, претставува значаен придонес. Маршот традиционално ги обединува пријателите на Европското движење, планинари и граѓани.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост