Утрински Весник
Македонија

Утре средба Мицкоски-Таравари – 24info.mk

Mickoski taravari.jpg

Утре ќе се знае дали Алијанса за Албанците останува во Владата или ќе замине во опозиција. На долгоочекуваната средба меѓу премиерот и министерот Таравари, ќе бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав. Средбата ќе започне во 17 часот.

MK Summit

Претходно, останатите партии од коалицијата „Вреди“ одлучија да се спојат во единствен политички субјект, без Алијанса на Таравари во него.
Неодамна лидерот на БЕСА, Биљал Касами истакна дека Албанците во Македонија се консолидираат во две политички сили – ВРЕДИ и ДУИ и според него, секој што ќе ја напушти ВРЕДИ, си заминува со намера да и се приклучи на ДУИ.


ВМРО-ДПМНЕ задутре ќе имаат седница на Извршниот комитет на партијата, на која ќе почнат да ја формираат структурата на републичкиот изборен штаб. Анкетите и селекцијата траат, а Мицкоски планира до крајот на јуни да ги посети и сите општински комитети. Очекува до крајот на мај да бидат познати 90 проценти од имињата на кандидатите за градоначалници, по што ќе излезе со предлозите пред Извршниот и Централниот комитет.

Можете да прочитате

Големиот Медитерански влажен бран ни донесе над 40 литри дожд на м/2

Најнов политички бриф и наоди на БЦСДН: Сериозна ерозија на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција: Бараме поодлучна акција од ЕУ

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места