Утрински Весник
Македонија

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

Img 3157.jpeg

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју во Тема на денот на Тв Сител најави дека утре, вторник, ќе се одржи седница на Централниот одбор на партијата на која прво ќе се контатираат оставките на досегашното раководство, а потоа и би се избрало ново.

„Остваките на останатите не се констатирани и треба да се констатираат на следниот состанок на Централниот одбор кој што ќе го закажеме за вторник и тука ќе се избере новото партиско раководство, новите потпретседатели и новите членови на извршниот одбор. Практично една нова сила во партијата, една комбинација на искусни и млади кадри ги адресираме сите наши групи, се отвораме и отвораме фронт против широко распространета корупција на власта. Ќе бидеме заедно со граѓаните со младите луѓе, со сите политички чинители, со граѓанскиот сектор за што веќе се почнати состаноци, се со цел да ставиме крај на ова криминална власт“ истакна Филипче.

Филипче додаде дека неговите сопартијци покажале висок степен на политичка и демократска свест и дека без разлика на тоа дали ќе имаат партиска функција или не, се подготвени да дадат свој придонес во партиското дејствување.

Можете да прочитате

Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата

Групна тепачка во штала во скопско поради нерасчистени имотно-правни односи

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница