
Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр), утре (2.4.2026 година) со почеток во 12:00 часот, во касарната „Страшо Пинџур” – Петровец ќе го одбележат Денот на единицата.
На одбележувањето ќе присуствуваат: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, команданти на потчинетите команди и единици на Генералштабот на Армијата и други гости.
Во рамки на одбележувањето на Денот на единицата, пред присутните ќе се обратат: министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на 1.пбр бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
За ден на Првата пешадиска бригада е определен 2 април, како датум на кој оваа единица е трансформирана и ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во Армијата.
Заради запазување на процедурите за влез во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, потребно е претставниците на медиумите да пристигнат пред пријавницата во касарната, најдоцна до 11:15 часот.


