Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно време – 24info.mk

Vreme 1.webp.webp

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне, по одделни котлини, ќе има појава на магла, а ќе дува слаб променлив ветер, информира УХМР. Минималните температури ќе се движат од -5 до -1 степен, додека максималните ќе достигнат од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, со појава на магла во делови од котлината во претпладневните часови. Минималната температура ќе биде околу -4, а максималната до 6 степени. До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време со појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Затворен за сообраќај превојот Плетвар, граѓани протестираат и во Битола и Кичево

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Уапсени двајца крадци во Велес