Утрински Весник
Македонија

Утре пратениците ќе одлучат дали Коцевски останува државен обвинител

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

Разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски утре ќе се најде пред пратениците на пленарна седница, откако претседателот на Собранието Африм Гаши ќе предложи дополнување на дневниот ред со оваа точка. Гаши информираше дека поканата до Коцевски за присуство на седницата сè уште не била испратена во текот на денот, но најави дека тоа ќе се случи до крајот на денешниот ден. Според него, барањето за разрешување пристигнало од Владата и ќе се разгледува согласно собраниските процедури и Деловникот.

Коцевски минатата недела изјави дека ќе почека официјална покана, по што ќе одлучи дали ќе присуствува на седницата. Тој не се појави ниту на седницата на која пратениците ја разгледуваа неговата интерпелација, туку достави писмено образложение. Премиерот Христијан Мицкоски не откри кој би можел да биде негов наследник, посочувајќи дека ќе следи јавен повик и дека постапката повторно ќе се врати во Собранието.

Од Владата очекуваат постапката да заврши во краток рок, наведувајќи дека не го делат ставот на Советот на јавни обвинители, кој претходно не даде согласност за разрешување на Коцевски. Владата образложи дека барањето за разрешување се темели на, како што наведуваат, сериозни професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, што, според нив, ја нарушиле неговата ефикасност и функционалност.

Можете да прочитате

Мицкоски: Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка

Меџити доби јавна благодарност дека поранешните команданти на УЧК без проблем ја поминале границата

Изгоре куќа во пожар во Кучевиште – семејството без кров над глава