Утрински Весник
Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Dsc 2252 800x533 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата ги известува граѓаните на Скопје дека утре со почеток во 16 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

– Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот – апелираат од полицијата.

Можете да прочитате

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух

Го поминвме и Сараево – Скопје утрово назагаден град во Европа